Достапни линкови

logo-print

Втора Глобална Конференција на ОМД во Торонто


Под мотото „Градење партнерства“ во Торонто денеска почнува Втора Глобална конференција на Обединетата Македонска Дијаспора.
На конференцијата, на која ќе учествуваат над 1000 делегати од 25 држави од пет континенти ќе се расправа за економијата, глобалната економска криза, за инвестициите во Македонија, подобрувањето на билатералните односи, човековите права на етничките Македонци на Балканот, остварување партнерства, како и за туристичките можности кои ги нуди земјата.
Како што е најавено, на конференцијата како почесен гостин ќе присуствува и премиерот на Канада, Стивен Харпер, како и министерот за имиграција и мултикултурализам, Џејсон Кени.
XS
SM
MD
LG