Достапни линкови

logo-print

Нова рунда разговори за обединување на Кипар


Во Никозија денеска ќе биде одржана втората средба меѓу кипарскиот претседател Димитрис Христофиас и новоизбраниот лидер на кипарските Турци Дервиш Ероглу, во рамки на преговорите за обединување на Кипар, јавија кипарските медиуми. Специјалниот пратеник на ОН, Александар Даунер, изрази надеж дека денешната средба, на која ќе се разгледува прашањето за сопственоста на имотите на двете заедници, ќе биде продуктивна.
Во праката до двајцата кипарски лидери, генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун порача дека мировната спогодба може да се постигне во следните неколку месеци.
XS
SM
MD
LG