Достапни линкови

Депортираните дочекани како херои


Дочекот на депортираните на аеродромот во Истамбул
Дочекот на депортираните на аеродромот во Истамбул

Стотиците активисти, кои беа дел од флотилата која носеше хуманитарна помош за Газа пристигнаа во Турција, откако беа депортирани од Израел. Тие на аеродромот во Истанбул беа дочекани како херои. Според израелскиот премиер Нетанјаху, Израел уште еднаш е предмет на хипокризија.

Според властите, од Тел Авив кон Грција и кон Турција беа испратени деветмината убиени и 527-те приведени лица. Дел од активистите од бродовите се депортирани во Јордан.

Нападот врз хуманитарната флотила, од страна на Израел, кој не им дозволи на бродовите на влезат во Газа предизвика големи реакции во светот и ги наруши односите меѓу Израел и Турција. Најмалку четворица од загинатите и стотина активисти беа граѓани на Турција. Другите активисти беа од арапскиот свет, Европа и САД. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го повика Израел да ја симне блокадата кон Газа и да дозволи хуманитарна помош.

Генералниот Секретар на ОН Бан Ки Мун


„Оваа трагедија со флотилата само ја истакна важноста на проблемот. Долготрајната затвореност на Газа е контрапродуктивна и погрешна, бидејки страдаат невини цивили. Блокадата мора веднаш да биде прекината.“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, од своја страна, ја бранеше блокадата велејќи дека е потребна како заштита од ракетните напади и криумчарењто на оружјето во Газа од Иран. Израел, според Нетанјаху, немаше избор освен да ја запре флотилата со хуманитарна помош.

„Уште еднаш велам дека Израел се соочува со хипокризија и едностран поглед. Ова не е прв пат. Минатата година, Израел реагираше со цел да го запре Хамас да стрела со ракети врз израелските градови. Хамас стрела и се крие зад цивилите“, изјави Нетанјаху на прес конференција со пратеникот на четворката за Блискиот Исток, бившиот британски премиер Тони Блер.

Тој од своја страна изјави дека е потребно да се дозволи влез на материјал за обнова на домовите во Газа како и санација на водните системи, но дека, сепак, треба да се спречи тероризмот кој доаѓа од Појасот.

Израелскиот Премиер Бенјамин Нетанјаху


„Ние треба да го спречиме истрелувањето на ракетите од Газа. Тоа треба да се направи, но секако и дека не е добро да им се наштетува на луѓето во Газа кои немаат ништо заедничко со политиката на Хамас.“

Советот за човекови права на ОН во Женева, во меѓувреме гласаше за формирање независна комисија за случајот со израелскиот напад врз флотилата. САД гласаа против оваа Комисија.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG