Достапни линкови

Тројцата македонци од Израел префрлени во Истанбул


Тројцата македонски државјани Јасмин Реџепи и Сами Емини од Скопје и Сеад Хасипи од Куманово, кои беа во хуманитарниот конвој што беше нападнат од израелските специјалци во близина на Појасот Газа изутрината пристигнаа во Истанбул. Тие заедно со уште околу 500 луѓе од хуманитарниот конвој со авиони беа депортирани од Тел Авив. Реџепи, Емини и Хасипи, како што информира МНР и нивни роднини, биле пречекани од македонскиот конзул Зерин Абас. Престојот во Истанбул им го организира македонскиот Конзулат, а авиобилетите со отворен датум за Скопје се обезбедени од хуманитарната органзиација ИХХ преку која заминаа за Газа.
Тројцата македонски државјани потпишале барање за депортација во матичната земја во кое потврдуваат дека нелегално влегле во Израел.
XS
SM
MD
LG