Достапни линкови

logo-print

Турски воени бродови ќе „прошетаат“ до Драч


Пет турски воени бродови со екипаж од 1.125 војници ќе впловат во албанското пристаниште Драч на 22 јуни и ќе останат до 25 јуни. Албанскиот претседател Бамир Топи, вчера го потпиша Законот со кој на турските армиски сили им се дозволува привремен престој на територијата на Албанија.
Албанските медиуми јавуваат дека причината за оваа „посета“ на турските воени бродови останува мистерија, додека грчките медиуми нагласуваат дека овој чин предизвикува раздвиженост на националниот безбедносен систем на Грција.
XS
SM
MD
LG