Достапни линкови

Нафтената дамка пристига на плажите на Флорида


Нафтата која истекува од неконтролиран извор во Мексиканскиот залив стигна во близина на белите песочни плажи на северозападна Флорида. Според прогнозите, нафтената дамка до утре ќе стигне до Флорида. Се проценува дека тоа ќе му нанесе огромна штата на живиот свет во морето, но и на туризмот кој претставува голем дел од економијата во тој регион. Со тоа, Флорида ќе стане четврта американска сојузна држава погодена од истекувањето на нафтата кое почна пред шест недели, по експлозија на нафтена платформа на Бритиш Петролеум.
Ова е најголема нафтена хаварија во историјата на САД. Британската фирма се обидува да го запре истекувањето.
XS
SM
MD
LG