Достапни линкови

Наскоро гласање за нови санкции за Иран


Претседавачот на Советот за безбедност на ОН, мексиканскиот амбасадор во светската организација, Клауде Хелер, соопшти дека наскоро, веројатно во наредниве десет дена, Советот за безбедност ќе гласа за нацрт-резолуција за санкции кон Иран, поради нуклеарната програма. Тој вели дека експертите работат на уточнување на деталите од резолуцијата.
Претходно, иранскиот претставник во Агенцијата за атомска енергија на ОН, Али Ашгар Солтани ја обвини Агенцијата дека пишувала погрешни извештаи за иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG