Достапни линкови

Лидерот на ирачките Курди во посета на Турција и Франција


Претседателот на ирачките Курди , Мисад Барзани денеска ќе ги посети Турција и Франција , само неколку дена откако членови на курдската работничка партија при напад на турска поморска база убија 6 војници. Ова е прва посета на Барзани на Турција откако е избран за претседател на северниот самостоен регион на Курдите во Ирак.Се очекува тој со турскиот премер Реџеп Таип Ердоган да дискутира за безбедноста на границата и за меѓусебните односи. А потоа Барзани ќе отпатува во Франција за да разговара со претседателот Никола Саркози.

XS
SM
MD
LG