Достапни линкови

Тито Петковски нуди договор за партнерство за важните прашања


Лидерот на НСДП Тито Петковски, денеска на парламентарните партии им понуди да потпишат договор за партнерство со кој ќе се обврзат заеднички да ги решат најгорливите прашања во државава, како проблемот со името, имплементацијата на Рамковниот договор и целосно помирување по конфликтот во 2001. Петковски на прес конференција изјавил дека е време власта и опозицијата да покажат умереност, мудрост и одговорност. Во спротивно Македонија ќе се соочи со сериозна криза. Петковки не гледа причина премиерот Никола Груевски да не го прифати неговиот предлог ако, како што вели Петковски, државните интереси му се во преден план на премиерот.


XS
SM
MD
LG