Достапни линкови

ОН донесе резолуција за нападот врз хуманитарниот конвој


Советот за човекови права при ОН, денеска донесе резолуција според која ќе се формира комисија за независна истрага за нападот од изрелска страна врз хуманитарен конвој во близина на појасот Газа. Во резолуцијата се осудува и „ безобразниот напад “ на хуманитарниот конвој Во нападот загинаа 9 луѓе а стотици беа приведени. Резолуцијата ја донеле со 32 гласа „за“, три против и девет воздржани. Соединетите држави гласале против. Нападот предизвика меѓународни критики и затегнување на турско-изрелските односи.

XS
SM
MD
LG