Достапни линкови

logo-print

Пешевски-Динкиќ:Коридорот 10 треба да се заврши


За довршување на Коридорот 10 и подобрување на трговската размена се договориле денеска, македонскиот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски и неговиот српски колега Млаѓан Динкиѓ. По денешната средба во Скопје, двајцата колеги се согласиле дека довршувањето на Коридорот 10 е од стратешко значење за двете земји, не само за подобрување на сообраќајот , туку и за развој на индустријата и за привлекување на странски инвеститори. Според најавите Коридорот треба да биде завршен за најдоцна 3 години.
XS
SM
MD
LG