Достапни линкови

Заврши состанокот ЕУ, Западен Балкан


Иднината на Западен Балкан е во Европската унија. Ова се наведува во изјавата на претседавачот на Унијата Шпанија по денешниот состанок во Сараево на кој беа собрани шефовите на дипломатиите на земјите од регионот, високи претставници на Европската Унија, како и на Соединетите држави, Русија и Турција. Предложено е и формирање Совет за регионална соработка. Во изјавата Европската унија ја повторува недвосимислената посветеност на европската перспектива на Западен Балкан, која, како што се додава, е клучна за стабилноста и развојот во регионот. Главен приоритет е завршувањето на процесот на помирување на Западен Балкан, како исполнувањето на потребните востановени критериуми и услови кон члентсвото во Унијата.
XS
SM
MD
LG