Достапни линкови

Три партии во Чешка се договорија за коалиција


Трите партии од Чешка кои заедно добија мнозинство гласови на изборите кои се одржаа изминатиот викенд , се согласија да формираат коалиција денеска. Трите партии, „Топ 09„, партијата „Јавни работи “ и „Граѓанската демократска партија„ ќе формираат централно дестичарска коалиција. Претседателот на Граѓанската демократска партија, Петр Нецас изјави дека коалицијата ќе се залага за фискална одговорност и за владеење на правото. Со договорот за коалицирање, тие ќе добијат 118 места во парламентот на Чешка кој е составен од 200 пратеници. Идниот премиер , допрва треба да биде назначен од претседателот на Чешка, Вацлав Клаус.
XS
SM
MD
LG