Достапни линкови

Консензус за евроатлантските интеграции


Собраниска сала

Собраниска сала

Опозицијата ја повикува власта да договори консензус и на таков начин да определи дали за Македонија е приоритет членството во евроатлантските организации. Домашните аналитичари сметаат дека владата треба да прифаќа и да воспоставува политика на договарање заедно со опозицијата, во врска со стратешките цели.

Веќе неколку пати партиите од опозицијата ја повикуваат власта да договори консензус и на таков начин да определи дали цел и е влез на земјава во европските и евроатлантските огрганизации. Според овие согледувања владата не треба да има поголема цел од таа да воспостави политика на договарање. Експертите велат дека е важно е и во опозицијата да се утврди такво единство. На потег е владата и премиерот да се решат дали навистина сакаат реформи и пристапување на земјава во НАТО и ЕУ и јавно да кажат што сакаат, смета пратеникот Стојан Андов:
Зависи од премиерот дали ќе ги прифати.

„Зависи од премиерот дали ќе ги прифати.“

Неговата изјава доаѓа како коментар по последниот предлог на Тито Петковски, сите политички партии да водаат сметка за состојбата во која се наоѓа земјава и зеднички да ги донесуваат одлуките кои се важни за државата. Експертите ги интересира можноста од затоплување на односите меѓу опозицијата и власта. По постигнување договор не би можело да се случува како досега, секој министер по неколку месеци да изјави дека работи на реформите и дека има добри резултати. Да е така, секој министер би продолжил онаму каде што претходниот застанал и не би тргнувале секогаш од почеток, вели Ибрахим Мехмети:

„За жал, праксата кај нас покажува дека и овие заеднички интереси се користат за поединечени, односно партиски цели. На пример, Охридскиот договор, односно неговата имплементација, ќе видиме дека ставовите на политичките партии се дијаметрално спротивни зависно од нивната позиција на власт.“
За жал праксата кај нас покажува дека и овие заеднички интереси се користат за поединечени, односно партиски цели.

Стојан Андов

За општа согласност или консензус во националната политика и стратешките прашања како европските и евроатланските интеграции, едно од местата што може да даде приденес е секако Парламентот. Ако тука не дојде до консензус на главните политички партии тешко дека ќе се напрви исчекор околу решавањето на најважните прашања. Но повторно и како да е ново, се споменуваат критични точки во работата на парламентот меѓу нив е и немањето координативни активности:

„Ги вика секој парламентарните групи на претходни консултации. Јас мислам дека тоа е многу делотворен начин за да не се претвори Собранието во тело кое крајно неефикасно, неодговорно ќе работи. Не се ограничува расправата, различните погледи итн. меѓутоа некои насоки околу усогласување на ставовите мора да има“, вели професор Саво Климовски, поранешен претседател на Парламентот.

Критките кои се насочуваат кон неефикасноста сега главно се однесуваат на носење закони по итна постапка, примерите во кои владата бара на самата седница да се измени некој закон наместо истиот да оди на расправа во собраниските тела, а опозицијата оценува дека треба да добие место повеќе во расправите. Инаку, надвор од парламентот има неколку примери кога партиите се обидувале да договараат заеднички решенија за важни прашања како на пример средбите во Клубот на пратеници на кои присуствуваат претставници на најголемите партии.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG