Достапни линкови

Јапонскиот премиер Хатојама најави оставка


Јапонскиот премиер Јукио Хатојама денеска најави дека ќе поднесе оставка. Тој на прес конференцијата изјави дека тоа ќе го направи поради неисполнетото ветување за повлекување на американската воена база од островот Окинава. Според последните анкети, Хатојама забележал рекорден пад на популарноста откако пред девет месеци ја презеде функцијата. Најмногу шанси за негов наследник има вицепремиерот и министер за финансии Наото Кан.
XS
SM
MD
LG