Достапни линкови

Експлозии во близина на мировната џирга во Кабул


Две експлозии биле регистрирани денеска во Кабул во моментот кога претседателот на Авганистан Хамид Карзаи говорел на мировната џирга, советодавно национално тело во кое илјада и 600 делегати дискутираат за можностите за мир со талибанците. Засега нема извештаи за евентуални жртви. На тридневниот собир се разгледува планот на Карзаи за мир и реинтеграција во земјата што, според агенциите, е појдовна точка за мировни разговори со талибанците. Нивни претставници пак, оценија дека состанокот бил во корист на странските интереси и им се заканија на делегатите дека ќе ги убијат.
XS
SM
MD
LG