Достапни линкови

Пакистан ќе ја штити верската секта Ахмади


Пакистанските официјални лица и ветија на верската секта Ахмади целосна заштита, откако 93 нејзини припадници, беа убиени во петокот. Пакистан ги обвини Талибанците за нападот. Од сектата велат дека владата не ги заштитува доволно. Муслиманите сметаат дека членовите на Ахмади се еретици, поради нивните верувања и пакистанскиот закон им забранува себеси да се декларираат како муслимани. Властите соопштија и дека извојувале победа против Талибанците во регионот Оракзаи, кој се наоѓа во близна на границата со Авганистан.
XS
SM
MD
LG