Достапни линкови

Груевски: решение за името без закани


Македонскиот премиер Никола Груевски денеска повтори дека евентуалното решение за името не треба да им штети на националните и државните интереси. ,,Јас сум за решение, но реков дека нема да може со закани да се прифати решение што е неприфатливо, кое граѓаните не го сакаат и кое ценат дека прави штета,, рече премиерот Груевски, по посетата на Идризово каде што се спроведува акција за чистење на одводните канали. Запрашан дали е можно годинава да има предвремени избори тој изјави: ,,Сите објави, прогнози и анализи дека се планираат избори годинава се неточни,,.
XS
SM
MD
LG