Достапни линкови

Хуманитарни или терористички организации?


Специјални полициски сили во антитерористичка акција

Специјални полициски сили во антитерористичка акција

Експертите велат дека е чест случајот, зад одредена хуманитарна организација всушност да се крие терористичка мрежа. Според нив, имајќи ја во предвид местоположбата и незавршените процеси на Балканот, од ваква можност не е исклучена ниту Македонија.

Криење зад одредена хуманитарна организација во која гледаат логистика за своите активности е чест случај на делување на терористичките мрежи. Од ваквата можност не е изземен и нашиот регион вклучувајќи ја и Македонија, велат експертите кои се занимаваат со формите на терористичко дејствување.
Имајќи ја во вид местоположбата на Република Македонија и она што се случуваше во претходниот период, но и процесите коишто не се завршени ниту со Грција, ниту со Косово, не можат да се исклучат овие сомневања.


„Имајќи ја во вид местоположбата на Република Македонија и она што се случуваше во претходниот период, но и процесите коишто не се завршени ниту со Грција, ниту со Косово, не можат да се исклучат овие сомневања и од тие причини треба државата преку своите институции внимателно да ги следи овие активности макар и од хуманитарен карактер кои се протежираат“, вели професорот Стефан Буџаковски.

Во хуманитарни организации, екстремистите можат да видат логистика во човечки ресурси, за потребите на фалсификување исправи и перење пари. Македонија, вели професор Буџаковски имала вакво искуство во текот на воениот конфликт. Пред две години, МВР се посомнева дека станува збор за терористичка ќелија во Македонија кога ги обвини основачите на невладината организација Бами Ресија во Скопје за поврзаност со фондови и организации во САД кои се наоѓаат на црна листа за поврзаност и финансирање на Ал Каеда. Сепак, полицијата не е таа што ја врши контролата врз дејствувањето и особено финансирањето на овие организации, туку тоа е во надлежност на Управата за спречување перење пари. Во Македонија успешно се врши контрола врз ваквиот облик на тероризам, велат експертите, меѓутоа како и во секој тип на криминал и овде опасноста лежи во тајноста и менувањето на формите на нивните активности.
Меѓутоа доста често тие користат сосема нови методи каде што ваквите финансиски средства не ги ставаат во легални токови туку се работи за црни пари кои што потоа им служат за онаа силна логистика.

Тренинг на македонската полиција

„Меѓутоа доста често тие користат сосема нови методи каде што ваквите финансиски средства не ги ставаат во легални токови туку се работи за црни пари кои што потоа им служат за онаа силна логистика која треба да ја пружат во наоѓање на кадар, во наоѓање на средства за извршување на терористички акти, значи во сите можни сегменти каде што има потреба за извршување на терористички акции“, вели професорот Владимир Пивоваров.

Меѓународната соработка е од особено значење за откривањето на ваквиот тип на прикриени терористички активности, додава Пивоваров и Македонија не е иземена од таков тип соработка. Истовремено потенцира и дека е погрешно на ваков начин да се гледа врз хуманитарната дејност во целина.

Тројца македонски хуманитарци беа дел од хуманитарниот конвој составен од бродови што на патот за појасот Газа беше нападнат од страна на израелските власти, при што загинаа деветнаесет лица.
XS
SM
MD
LG