Достапни линкови

Расте јавниот долг


Пари и кредитни картички
Пари и кредитни картички

Во првите три месеци вкупниот јавен долг на Македонија пораснал за 127 милиони евра, а во меѓувреме Владата најави ново вонредно задолжување со кое ќе се зајми 32 милиони евра на домашниот пазар. Тенденцијата на раст загрижува, но според експертите јавниот долг на Македонија не е висок во споредба со другите европски земји.

Само во првите три месеци од оваа година, вкупниот јавен долг на Македонија пораснал за речиси 127 милиони евра, покажуваат податоците на Министерството за финансии. Од крајот на 2008 година, до крајот на март годинава, за 15 месеци, државата го зголемила долгот за 385 милиони евра.

За утре, владата најави вонредно задолжување со кое ќе се зајми 32 милиони евра на домашниот пазар. На средината на месецов, владата треба да го врати долгот од речиси 22 милиони евра од претходното позајмување. Наредниот вторник, пак, стасува првата годишна рата од втората еврообврзница, која изнесува 17,1 милион евра. Праксата, државата да се задолжува за да ги враќа претходните заеми продолжува од минатата 2009 година. Дел од економските аналитичари, тогаш ја оценија таквата постапка како
Тенденцијата на раст загрижува, особено кога е поврзана со прашања кои што произлегуваат од натамошната можност да тој иден долг биде сервисиран без некои удари по буџетот и по задолжувањето на македонските граѓани
претурање од шупливо во празно“.
Илустрација: Пари

Сепак, и покрај зголемените задолжувања во последнава година и половина, Македонија спаѓа во редот на ниско или средно задолжени земји, со ниво на јавен долг од помалку од 33 отсто од БДП-то.

Професор Мирољуб Шукаров вели дека висината на јавниот долг во Македонија не е висок во споредба со другите европски земји.

„Тенденцијата на раст загрижува, особено кога е поврзана со прашања кои што произлегуваат од натамошната можност да тој иден долг биде сервисиран без некои удари по буџетот и по задолжувањето на македонските граѓани.“

Голем дел од економистите сметаат дека воопшто не е спорно владата да се задолжи повеќе од што е задолжена, туку на што ќе се потрошат тие пари. Ако парите се за капитални инвестиции тогаш е оправдано, но ако се за тековни расходи тогаш задолжувањето е погрешно, велат тие. Други, пак, сметаат дека Македонија не е Грција, за ЕУ толку ревносно да и помогне и нагласуваат дека „ако Македонија банкротира, никој нама да знае дека воопшто постоела“. Дел од нив препорачуваат јавниот долг да не надминува 25 отсто од БДП-то.
Зоран Ставрески

Пред неколку дена, министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека според државната стратегија, јавниот долг не смее да надмине 40 отсто од БДП-то и оти се уште има простор за задолжување кај меѓународните институции.

„Имаме уште доволно простор во еден краткорочен период ако е потребно да финансираме капитални инвестиции поизразени.“

Во јавниот долг спаѓаат долговите на државата, локалните самоуправи и јавните претпријатија и трговски друштва кои се во целосна или доминантна сопственост на државата, локалните самоуправи и на Народната банка.

Според податоците од минатата година, објавени на интернет страницата на ЦИА, помалку задолжени од Македонија, меѓу земјите членки на ЕУ се само Литванија, Романија, Бугарија, Луксембург и Естонија. Од земјите во Централна и Источна Европа, помалку задожени од Македонија се само Србија, Молдавија и Украина.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG