Достапни линкови

logo-print

Ирачаните ја превзедоа контролата во Зелената Зона


Ирачките сили денеска ја превзедоа одговорноста и за безбедноста на така-наречената зелена зона во Багдад. За прв пат од 2003-та година, веќе нема американски војници на контролните пунктови. Церемонијата на примопредавање се одржа во Зелената Зона, каде што се сместени ирачките владини објекти и странските амбасади. Според американско – ирачкиот безбедносен договор, потпишан во ноември 2008-ма, сите американски војници треба да го напуштат Ирак до крајот на наредната година.
XS
SM
MD
LG