Достапни линкови

Еврото паѓа, невработеноста рекордни 10.1%


Еврото денеска падна на 1,21 за долар, што е најниско ниво во последните 4 години во однос на американската валута. Според аналитичарите, тоа е последица на загриженоста за способноста на европскиот финансиски сектор за справување со долговите во евро-зоната и големиот дефицит. Во меѓувреме е соопштено дека и стапката на невработеност во земјите од евро-зоната достигна рекордни 10,1 насто, или вкупно околу 16 милиони луѓе се без работа. Според Еуростат, само во последниве 12 месеци, во земјите од евро-зоната, без работа останале 1,3 милиони луѓе.
XS
SM
MD
LG