Достапни линкови

Утре во Кабул голем мировен собир


Во Кабул се во тек последните подготовки пред утрешниот состанок на консултативниот совет, на кој ќе присуствуваат околу 1600 законодавци и локални лидери од целата земја. Овој три-дневен собир го свика авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во обид да постигне национален консензус за начините за завршување на војната во Авганистан. Според организаторите, талибанците формално не се поканети, но можат да присуствуваат, додека пак милитантите соопштија дека нема да учествуваат на вакви мировни собири се додека има странски сили во Авганистан.

XS
SM
MD
LG