Достапни линкови

Непристрасна истрага за израелската акција


Советот за безбедност на Обединетите нации по десетчасовна расправа зад затворена врата побара непристрасна и транспарентна истрага за вчерашниот израелски напад врз турската флотила со хуманитарна помош наменета за палестинците во Газа. Советот побара и итно ослободување на сите цивили. Резолуцијата е во многу поблага форма од онаа што ја побараа Турција и арапскиот свет, а со која се бараше независна меѓународна истрага за нападот и отстранување на израелската блокада врз Газа. Во вчерашната израелска акција загинаа десетина луѓе.
XS
SM
MD
LG