Достапни линкови

Итна седница, па затворени консултации на Советот за безбедност на ОН


Советот за безбедност на ОН синоќа одржа итна седница поради нападот на израелската армија врз бродовите со хуманитарна помош за жителите на Газа, при што загинаа најмалку 9 лица, а 50-на беа ранети. По изјавите на сите 15 членки на Советот, како и на претставниците на Израел и на палестинските власти, Советот имаше затворени консултации. Палестинците, Арапите и Турција бараат осуда на нападот и независна истрага. Тие го повикаа Израел да ја укине блокадата на Газа и да ги ослободи бродовите и хуманитарните активисти. Израел, пак, тврди дека на бродовите со хуманитарна помош имало луѓе со терористичко минато и оти организаторите на конвојот поддржуваат радикални групи како што е Хамас.
XS
SM
MD
LG