Достапни линкови

Итни состаноци на НАТО и на Арапската лига


Денеска во Брисел ќе биде одржан вонреден состанок на земјите членки на НАТО на барање од Турција поради нападот на Израел врз бродовите кои превезуваа хуманитарна помош за Палестинците во Газа. Портпаролот Џејмс Апатурај изјави дека Алијансата е сериозно загрижена пораи губењето на животи во меѓународни води. На состанокот ќе учествуваат амбасадорите на 28-те земји членки на НАТО. Истовремено и генералниот секретар на Арапската лига Амр Муса ги повика земјите членки на итен состанок во Каиро, на кој ќе биде донесен заеднички арапски одговор на израелскиот напад.
XS
SM
MD
LG