Достапни линкови

Протести пред израелските амбасади во Атина и во Париз


Грчката полиција вчера се судри со околу две илјади демонстранти пред израелската амбасада во Атина, кои протестираа поради израелскиот напад врз хуманитарниот конвој за појасот Газа. Демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да стигнат до зградата на дипломатската мисија во центарот на Атина. Тие фрлаа камења и шишиња кон полицијата, која одговори со солзавец. Во немирите е рането едно лице. Судири на полицијата и неколку стотини демонстранти имало и во близина на израелската амбасада во Париз.
XS
SM
MD
LG