Достапни линкови

Политичка дискриминација


Последното истражување на Центарот за човекови права и разрешување на конфликти покажува дека политичката дискриминација е најчест облик на дискриминирање при вработување во некоја јавна институција. Со новиот закон за заштита од дискриминација се забранува дирекно и индирекно дискриминирање по основ на политичка припадност.

Политичката дискриминација е најчест облик на дискриминирање, покажало последното истражување на Центарот за човекови права и разрешување на конфликити. Според истражувањето, речиси 80 проценти од испитаниците одговориле дека има политичко дискириминирање при вработување во некоја јавна институција. Со новиот закон за заштита од дискриминација се забранува дирекно и индирекно дискриминирање по основ на политичка припадност. Луѓето се жалат дека е поважно да имаш партиска книшка отколку потребни квалификации за работно место во државна институција.
Ако си партски определен ќе те вработат, ако не
нема.


„И по партиска линија и по семејна линија тие се основните правила, друго нема, дури на трето место е знаењето и вреднувањето на образованието.“

„Ако си партски определен ќе те вработат, ако не нема.“

„Една партија ќе дојде на власт, ќе се вработи свои, доаѓа друга партија тие ги отпуштаат, вработуваат свои.“
Илустрација: Постер „Зборувај против дискриминацијата“

Професорката Мирјана Најчевска вели дека ваквиот начин на перцепирање е сам по себе загрижувачки.

„Заради тоа што тоа претставува некаков показател на отсуство на реални објективни критериуми и соодветни процедури и механизми кои што луѓето би можеле да ги перцепираат како доволно објективни за да не се развива овој вид на перцепција.“
Доминантна е за жал перцепцијата дека само со партиска книшка може да се вработиш во државна администрација и таа перецепција мора да се промени, но не може да се промени доколку немаме да речеме успешни случаи на борба против дискриминација.

Експертите сметаат дека новиот закон и Комисијата која допрва треба да се формира нема да можат доследно да ги заштитат луѓето од политичка дискриминација, поради големите недоречености во законот и малите надлежности на Комисијата. Активистот за човекови права Жарко Трајановски вели дека луѓето ја губат довербата во институциите.

„Доминантна е за жал перцепцијата дека само со партиска книшка може да се вработиш во државна администрација и таа перецепција мора да се промени, но не може да се промени доколку немаме да речеме успешни случаи на борба против дискриминација врз основа политичка припадност, а досега немаме такви случаи иако Законот за работни односи тоа го забранува.“

Професорката Најчевска вели дека со новиот закон луѓето кои се политички дискриминирани ќе имаат проблем при судската разрешница затоа законот е рамковно поставен.

„Очекувам дека во моментот на примената, судиите ќе се судрат со проблемот на општоста и или нема да судаат на соодветен начин или пак ќе добиме многу голем број случаи кои што на различен начин ќе бидат пресудувани од различни судии што само по себе може да води кон своевидна идна дискриминација.“

Експертите и граѓаните се сомневаат дека дискриминираните по основ на политичка припадност ќе побараат заштита, поради стравот од политичко етикетирање. Паричните казни предвидени во законот за оние кои дикриминираат изнесуваат од 400 до 1000 евра.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG