Достапни линкови

logo-print

МНР жали за инцидентот кај Појасот Газа, нема информации за македонските хуманитарци


Министерството за надворешни работи на Македонија изрази жалење за денешниот инцидент близу палестинскиот брег во кој беа инволвирани израелските воени сили и хуманитарен конвој бродови за Газа. „Република Македонија го осудува секој облик на насилство во решавањето на проблемите и во таа насока цениме дека отворените прашања и несогласувања треба да се решаваат со дијалог и мирољубиви средства, а не со оружје и жртви. Изразувајќи длабоко сочувство за загубените животи во овој немил настан, повикувaме на темелна истрага за причините и околностите кои доведоа до ваков трагичен епилог“ се неведува во соопштението од МНР. За сега се уште нема официјална потврда за тоа дали во конвојот бродови патувале македонски државјани и каква е нивната судбина. Претходно, според првичните сознанија на турските власти, тројца македонски државјани биле во конвојот. Информацијата ја потврди и арапската телевизиска мрежа „Ал Џезаира“.
XS
SM
MD
LG