Достапни линкови

Пакистан ги укина забраните кон „Фејсбук“


Пакистанските власти денеска ја укинаа забраната за корисничлки пристап до популарниот интернет портал „Фејсбук“, откако од компанијата се извиниле за интернет страницата која била навредлива за муслиманските корисници. Пакистан воведе забрана за пристап кон стотина страници на интернет порталот, откако на една од веб-страните се промовирале цртежи и карикатури на пророкот Мухамед. Администраторите на „Фејсбук“ за сега се недостапни за коментар.
XS
SM
MD
LG