Достапни линкови

Тројца Македонци биле во нападнатиот конвој со хуманирна помош за Појасот Газа


Тројца македонски државјани, според првичните сознанија на турските власти, биле во коновојот бродови со хуманирна помош за Појасот Газа кој беше нападнат изутрината од израелските специјалци, при што загинаа 10 лица. Во акцијата за обезбедување хуманитарна помош за палестинските територии учествувала една хуманитарна организација од Македонија, а на нејзиниот список биле наведени имиња на тројца македонски државјани. Министерството за надворешни работи за сега нема официјална потврда дали на бродовите имало Македонци и каква е нивната судбина, но информира дека македонскиот амбасадор во Израел Пајо Авировиќ претпладнето бил повикан на разговор во израелското МНР. На брифингот не биле презентирани конкретни информации за учество на македонски државјани во нападнатиот хуманитарен конвој.
XS
SM
MD
LG