Достапни линкови

Нападната турска база во Искендерун - 6 загинати војници


Курдските бунтовници денеска презедоа ракетен напад врз Искендерун - база на воено поморските сили на турската армија, во кој загинаа 6 војници, а 9 други се повредени, јавија турските медиуми. Ова е најголемиот напад на бунтовниците во последните недели, а се изведува веднаш по изјавата на курдскиот бунтовнички лидер Абдула Оџалан, кој завчера соопшти дека се откажува од напорите за воспоставување дијалог со Турција, обвинувајќи ја владата дека ги пренебрегнува неговите повици за мир.
XS
SM
MD
LG