Достапни линкови

Претседателот Иванов на Доха Форум во Катар


Од денеска до 2 јуни претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, на покана на емирот на Катар, ќе учествува на 10-от Доха Форум, што традиционално се занимава со демократија, развој и слободна трговија. Претседателот Иванов ќе има обраќање на отворањето на конференцијата на тема „Стабилност и безбедност - регионална и глобална“, а ќе има средби со емирот Хамад бин Калифа Ал Тани, со претставници на катарскиот образовен фонд и на фондот на Катарската инвестициска власт, преку кој се насочуваат инвестициите од оваа земја. На Доха Форумот, меѓу другите, ќе учествуваат и претстолонаследникот на Норвешка принцот Хакон, претседателот на Финска Тарја Халонен, претседателот на Летонија Валдис Затлерс, со кои претседателот Иванов се очекува да оствари билатерални средби на маргините на Форумот.
XS
SM
MD
LG