Достапни линкови

Во Битола конференција за НАТО интеграциите на регионот


Во Битола се одржува дводневна Регионална конференција за НАТО интеграции на Југоисточна Европа што ја организира министерството за одбрана на РМ, а на која присуствуваат министрите за одбрана од Албанија, Хрватска, Словенија и Турција, замениците-министри на Босна и Херцеговина и на Црна Гора, државниот секретар на српското Министерство за одбрана, како и претставници од регионалниот Центар за безбедносна соработка РАКВИАК, од Командата на НАТО во Неапол и од релевантните институции во државата. Работниот ден на Конференцијата почнува денеска со воведно обраќање на македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски. Во наредните два дена учесниците ќе разговараат за значењето на НАТО интеграциите во ЈИЕ, развивањето на заедничката трансатлантска визија и идните перспективи на регионот.
XS
SM
MD
LG