Достапни линкови

За НАТО неприфатливи активностите на Иран во Авганистан


Командантот на НАТО во Авганистан генерал Стенли Мекристал изјави дека иранската помош што е наменета за Авганистан вклучува помош и за талибанските бунтовници. Тој рече дека е природно Иран кој е сосед на Авганистан да овозможува помош за таа земја, но оти постојат јасни докази дека иранските активности во некои случаи се однесуваат на криумчарење оружје што, како што оцени, е неприфатливо. Мекристал исто така рече дека иранската помош опфаќа и тренинзи на талибанците на иранска територија.
XS
SM
MD
LG