Достапни линкови

Јосиповиќ и Додик разговарале за бегалците


Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и премиерот на Република Српска Милорад Додик денеска го разгледаа прашањето за враќање на хрватските бегалци од војната во земјата, пренесе агенцијата Хина. Двајцата се сретнаа во градот Дервента во рамки на денеска почнатата дводневна посета на Јосиповиќ на Република Српска. Ова е прва посета на претседателот на Хрватска на Република Српска по завршувањето на војната. Jосиповиќ изрази надеж дека зацврстувањето на довербата и подобрувањето на соработката во регионот ќе го забрза враќањето на бегалците по нивните родни места.
XS
SM
MD
LG