Достапни линкови

Истекот на нафта во Мексиканскиот Залив ќе трае до август?


Истекот на нафтата во Мексиканскиот Залив претставува една од најголемите еколошки катастрофи во Соединетите американски држави, рече денеска Керол Бовнер, советник за енергетика и климатски промени во Белата куќа. САД се подготвени за најлошото сценарио, рече Бовнер, додавајки дека изливот на нафтата од подводниот бунар можеби нема да сопре до август. Се проценува дека дневно 12,000 барели нафта се изливаат во водите на Заливот.
XS
SM
MD
LG