Достапни линкови

Еден загинат и тројца повредени во Ирак


Четиринаесет годишно девојче загинало а уште три лица се повредени во артилериски напад во ирачко село. Околу 30 семејства ги напуштиле домовите во селото во северниот курдски регион на земјата. Официјални извори го потврдија инцидентот, дополнувајки дека цел на нападот, кој почнал вчеравечер, биле селата во регионот Балакијаки, во близина на иранската граница. Во овој регион неретко се случуваат престрелки меѓу ирачките вооружени сили и припадниците на група бунтовници кои се нарекуваат Партија за слободен живот.
XS
SM
MD
LG