Достапни линкови

Авганистан ќе ги контролира невладините организации


Авганистанското Министерство за економија денеска соопшти дека била формирано посебно тело кое ќе ја надглеува работата на сите невладини организации во земјата. Одлуката на властите следи по медиумските информации дека норвешка невладина организација промовирала христијанство, постапка која се казнува со смрт во Авганистан. Портпаролот на Министерството Седик Амаркил изјави дека властите „се многу сериозни за оваа работа“, додавајки дека ќе се затвораат невладини организации кои се осомничени за нелегални активности а нивните членови ќе бидат „исраќани кај судските и владините органи“.
XS
SM
MD
LG