Достапни линкови

logo-print

Протести во Косово


Косовската полиција денеска употреби солзавец за да ги растера илјадниците етнички албанци и срби кои протестираа во поделениот град Митровица. Повеќе од 2.000 етнички албанци се побунија против локалните избори во делот на градот населен со мнозинство срби. Демонстрантите сметаат дека денешното гласање за одборници во локалното собрание е потценување на косовската независност. Србија, од друга страна, не ја признава независноста на Косово. На албанските демонстранти им се спротиставија стотици етнички срби кои фрлаа камења. Освен полицијата, во Митровица интервенираа и припадници на НАТО силите во земјата.
XS
SM
MD
LG