Достапни линкови

Пешевски: Економската состојба во Македонија е стабилна


Макроекономските параметри и воппшто економската состојба во Македонија е стабилна, иако ефектите од кризата се уште се чувствуваат изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Тој додаде дека кусокот приливи во Буџетот кој се јавува ќе се реши со Ребалансот, и дополни дека нема да има кратење на започнатите проекти, туку само усогласување на динамиката за трошење со приливот на средства. Вицепремиерот рече дека Македонија е отворена економија, поврзана со економиите во регионот поради што реално е да се очекува ефектите од кризата во Европа да ја зафатат и земјава.
XS
SM
MD
LG