Достапни линкови

Изборите во Грузија се одвиваат нормално


Сите гласачки места се отвориле на време и гласањето се одвива нормално, потврдија денеска од грузиската Државна изборна комисија. Жителите на Грузија денеска имаат можност да гласаат за 64 локални советници и градоначалник на главниот град Тбилиси. Најмногу внимание му се посветува на гласањето за градоначалник на главниот град, бидејки кандидатот кој ќе ја добие оваа позиција ќе има добра основа за претседателска кандидатура, откако мандатот на актуелниот шеф на државата Микаил Сакашвили ќе истече во 2013 година.
XS
SM
MD
LG