Достапни линкови

logo-print

Хуманитарна помош на пат кон Газа, се игнорираат израелските закани


Конвој бродови на кои има 10,000 тони хуманитарна помош за палестинците, денеска се упатија кон Појасот Газа. Шесте бродови на чело со турски брод на кој има 600 патници денеска отпловеа од Кипар. Израел, кој го блокира влезот во Газа, претходно се закани дека ако бродовите се обидат да влезат во Појасот, членовите на екипажот ќе бидат уапсени и депортирани а товарот ќе биде конфискуван. Израел веќе три години го блокира влезот кон Појасот кој е под власт на Хамас.
XS
SM
MD
LG