Достапни линкови

Избори во северниот дел на Косово


Во северниот дел на Косовска Митровица денеска се одржуваат вонредни локални избори на кои 20.372 граѓани со право на глас ќе изберат одборници во локалното Собрание. На улиците на Косовска Митровица не е засилено присуството на припадници на Косовската полициска служба. Според најавите, во јужниот дел на градот денеска ќе се одржи протестен собир на воените ветерани на ОВК и Движењето за обединување на Косово поради одржувањето на локалните избори во северниот дел на Митровица. Во меѓувреме, КФОР соопшти дека го поддржува мирното собирање граѓани, но укажа оти нема да толерира евентуално насилство во текот на најавените протести.
XS
SM
MD
LG