Достапни линкови

logo-print

Денеска ќе се отвори регионалната конференција за НАТО интеграции


Министерството за одбрана на Република Македонија во наредните два дена ќе биде домаќин на Регионалната конференција за НАТО интеграции на Југоисточна Европа, која ќе се одржи во Битола. Тема на претстојната Регионална Конференција ќе биде значењето на НАТО интеграциите во регионот, развојот на заедничката трансатлантска визија и идните перспективи на регионот. На свеченото отворање на Регионалната конференција што вечер од 20 часот ќе се одржи во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис во Битола, министерот за одбрана Зоран Коњановски ќе приреди прием за неговите колеги, министрите за одбрана на: Албанија, Хрватска, Словенија и Турција, како и замениците министри за одбрана на Босна и Херцеговина и на Црна Гора и државниот секретар за одбрана на Србија.
XS
SM
MD
LG