Достапни линкови

logo-print

„Топ Кил“ не успеа, нафтата и понатаму се излева во Мексиканскиот Залив


Истекот на нафта во Мексиканскиот залив е „разлутувачки“ рече денеска американскиот претседател Барак Обама, откако од „Бритиш Петролеум“ потврдија дека последниот план за стопирање на истекот бил неуспешен. Американските власти веруваа дека планот, наречен „топ кил“ можеби ќе успее, но немаше сомнежи дека постојат и шанси за неуспех. Обама изјави дека идната недела ќе има нов обид за прекинување на истекот на нафтата од подводниот бунар.
XS
SM
MD
LG