Достапни линкови

Утре регионална конференција за НАТО интеграции во Битола


Со прием на министрите за одбрана од пет европски држави, што во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис ќе го приреди македонскиот министер Зоран Коњановски, во Битола утревечер ќе почне дводневната Регионална конференција за НАТО интеграции на Југоисточна Европа.„ Задоволен сум од одѕивот, затоа што во Битола ќе дојдат пет министри, два заменици министри и еден државен секретар за одбрана, со кои ќе имаме можност за релевантен дијалог и да зборуваме за заедничките приоритети на регионот“ рече Коњановски. Тој додаде дека на овој висок собир и прв од ваков тип од обаста на одбраната што ќе се одржи во Битола, Република Македонија воедно се потврдува и како земја силен промотор на безбедносниот дијалог и соработка во регионот.
XS
SM
MD
LG