Достапни линкови

Проширувањето на ЕУ не треба да сопре, порачаа лидерите од Западен Балкан


Проширувањето на Европската унија не ја предизвика тековната финансиска криза и процесот не треба да биде замрзнат, порачаа денеска лидерите од Западен Балкан кои се на средба во Сараево. Претседателите на Босна, Србија Црна Гора и Хрватска денеска разговараа за нивните стратешки интереси, зачленувањето во Унијата и зајакнување на меѓусебната соработка. Тие исто така испратија апел до Европската унија на следниот самит во Сараево идната недела да се потврди посветеноста за вклучување на земјите од Западен Балкан во 27 члениот блок
XS
SM
MD
LG