Достапни линкови

Неискусни оператори на безпилотно летало виновни за смртта на цивили


Неискусни оператори на безпилотно летало се одговорни за ракетниот напад во кој загинаа 23 цивили во Авганистан кон почетокот на годинава, се наведува во денеска објавениот извештај на американската армија. „Операторите на безпилотното летало ги игнорирале или не ги забележале информациите дека конвојот не е непријателски“ се наведува во извештајот, пренесува новинската агенција „Асошиејтед Прес“. Инцидентот се случи на 21 Фебруари во провинцијата Урузган, каде американските сили војувале со милитанти.
XS
SM
MD
LG