Достапни линкови

Кина изрази жалење за загинатите јужнокорејски морнари


Кинескиот претседател Вен Џибао денеска им изрази сочуство на јужнокорејските лидери за смртта на 46 морнари при потонувањето на брод. Официјален Сеоул ги обвини севернокорејските власти за инцидентот. Официјален Пјонг Јанг, пак, ги отфрли обвинувањата. „Кина сериозно ги разгледува наодите од мултинационалната истрага според која официјален Пјонгјанг е виновен за потпувањето на јужнокорејскиот брод „Чеонан“, изјави кинескиот лидер. Инаку, Јужна Кореа заедно со САД и Јапонија бараат подрршка од Кина за предложените санкции против Северна Кореа.
XS
SM
MD
LG